Здраво! Јас сум Тони, а ова е мојот син Бојан и ние заедно ќе ви ја споделиме нашата приказна.
Кои сме ние?
Месарница Боно е семејна месарница основана во 2011 година од татко и син кои работат заедно со иста цел – да понудат свежо, квалитетно и вкусно месо.
“ Месото кое го нудиме потекнува од наши локални фарми, меѓутоа сме доста препознатливи и по домашните преработки како димено месо, колбаси, чварки, пача и по уникатната смеса за ќебапи и плескавици подготвена според наш сопствен рецепт.
Кај нас квалитетот секогаш е на прво место – затоа веруваме дека секој наш производ ќе биде вистинско уживање на вашата трпеза. “